Финансиски менаџмент и консалтинг
Оптимизација на начинот и изворите на финансирање, финансиски планови и извештаи, бизнис планови, студија на изводливост (feasibility), анализа на делување и финансиски извештаи, специјализиран консалтинг во подготовката и спроведувањето на деловните одлуки, воспоставување и организација на финансиските функции и процедури во компанијата.
Инвестициски консалтинг
Консалтинг при вложувања во земјата и Регионот, инвестициони проекти, специфични деловни анализи, проекти и препораки по барање на клиентите, due diligence, истражување на пазар и пазарни информации, консалтинг при воспоставувањето на контакти со деловните партнери во Регионот.
ЕУ Фондови
Консалтинг и едукација на фирмите, институциите и невладините организации по сите прашања поврзани со ЕУ фондовите – од предлог проектот до финалното известување. Нашиот тим нуди помош во разбирањето на јавните политики и програми на ЕУ со цел на подобра подготовка на предлог проект, во осмислувањето и подготовката на квалитетни проекти, во финансиското управување и процедурите на имплементација на проекти, следење и евалуација на истите, се до финалното известување.
- Развој на проектна идеа и пополнување на апликационен образец;
- Упатство за подготовка на проектна документација;
- Подготовка на апликацијата за безповратни средства;
- Финансиско управување со проектот, видови на прифатливи трошоци, изработка на буџетот;
- Проектно партнерство во контекст на ЕУ Фондови;
- Постапка на евалуација на предлог проекти.
Сметководствен консалтинг
Организација и контрола на сметководствената функција во компанијата, креирање и примена на процедурите, обликување на сметководствена политика, примена на сметководствените начела и стандарди, специјализиран консалтинг во подготовката и спроведувањето на деловните одлуки.
Даночен консалтинг
Даночни планови, биланси и пријави, толкување на прописи и даночно советување.
Корпоративен правен консалтинг
Толкување на прописи, консалтинг при склучување на договори и анекси кон договорите, основање и престанок на друштвото, планови и процедури на реорганизација, консултантски услуги при спојување и раздвојување на друштвото, консултантски услуги при промена на организациона форма на друштвото, креирање и примена на основачкиот акт и статутот на друштвото, припрема и одржување на собранието на акционери, права на акционерите и обврски на одборот, промена на основачки капитал, емисија и промет на хартии од вредност.